СДСМ и останатите партии 3 дена молчат за Декларацијата за заштита на Гоце Делчев

t

Пратеничката Иванка Василевска денеска од Собранието ги повика сите партии да се обединат околу Декларацијата за заштита на Гоце Делчев.

Ова е соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:

“Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како што знаете веќе достави до Собранието Декларација по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Сметаме дека оваа декларација треба да го отслика единството и обединувањето на политичките партии во македонското Собрание но исто така и единството на целокупното македонско општество околу неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна држава, Република Македонија.

Само со единство, достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, можеме дополнително да ги зајакнеме демократските темели на државата и на општеството.

Сакаме да потенцираме дека иако на денот на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ја најавивме оваа Декларација и истата е веќе поднесена до Собранието, три дена имаме молк од СДСМ и останатите политички партии во Мкаедонија.

Ја користам оваа прилика да ги повикам СДСМ и останатите политички партии во македонското Собрание да се изјаснат со официјален став по повод оваа значајна Декларација и да покажат дека ликот и делото на Гоце Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот и тоа како заслужува да се донесе одна ваква декларација токму во законодавниот дом со што сите заедно ќе ја покажеме нашата почит кон оваа централна личност од македонската историја.

Ајде сите заедно да се обединиме и да ја донесеме оваа Декларација по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и да покажеме дека за вакви битни ликови од нашата историја знаеме да бидеме единствени и обединети.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија гласаше воздржано за резолуцијата на ОН…

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство…

Раштиман оркестар: Полска не ја поддржа заедничката…

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска соопшти дека…

Народот се самоорганизира: Се потпишуваат декларации за…

Македонскиот православен народ се самоорганизира за да…

Македонија како Швајцарија, засега на хартија: Алијанса…

Алијанса за Албанците која е најновиот партнер…

Страшно: Зејтин без декларација на македонски јазик…

По информацијата дека руски производи се продваат…