СДСМ: Каде бил Христовски на денот кога тврди дека полагал англиски јазик?

t

МВР и Тошковски и во случајот со Христовски треба да реагира на истиот начин како со двете директорки, бараат од СДСМ по обвинувањата за сертификатот по англиски јазик на првиот човек на АНБ. Од најголемата опозициска партија велат дека полицијата не треба да чека туку неселективно да постапи по закон и да му поднесе кривична пријава за основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистината содржина“.

-И Јавното обвинителство мора да реагира, согласно своите надлежности да отвори истрага за утврдување на одговорност за скандалот со незаконското поставување на директор на АНБ, истакнаа од партијата на Венко Филипче.

СДСМ поднесе иницијатива до претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР за свикување на седница, на која треба да биде поканет и токму Христовски. Бараат седницата да биде отворена за јавноста, за да може да се одговори на прашањата, кои вчера ги постави пратеничката Славјанка Петровска – „Каде бил Бојан Христовски на денот на полагањето на англиски јазик? Каде престојувал ден или неколку дена пред датумот на полагањето? Што тој знае за скандалозните помилувања?“.

Според партијата од „Бихаќка“, одговорот на овие прашања, велат, треба да ги потврди основаните сомнежи за овој скандал.

Викендов бугарскиот портал „Фактор“ објави дека на адресите во Пловдив, каде што Христовски тврди дека го добил ТОЕФЛ-сертификатот, нема такво јазично училиште. Порано таму била сместена компанијата „Julia Co.LTD“, но сега канцеларијата е затворена и работи онлајн. Во телефонски разговор лицето, кое одговорило на бројот објавен во брошурата, посочило дека компанијата не издава сертификати за ТОЕФЛ и не врши обука за добивање таков сертификат.

Премиерот Христијан Мицкоски ќе го чека мислењето на Државната комисија за спречување корупција, откако оваа институција отвори предмет за именувањето на Христовски, по пристигнување анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.

Мицкоски, пак потврди дека директорот на АНБ има сертификат за државна тајна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Каде бил Христовски на денот кога…

МВР и Тошковски и во случајот со…

СДСМ бара комисиска расправа за директорот на…

 СДСМ бара отворена седница на собраниската Комисијата…

СДСМ: Сè што кажа Мицкоски излажа –…

„Сè што кажа Христијан Мицкоски, секое негово…

СДСМ за „Бехтел и Енка“: Мицкоски дојде…

СДСМ го критикува премиерот Христијан Мицкоски за…

СДСМ бара Обвинителство да отвори истрага за…

Опозициската СДСМ бара Јавното обвинителство да отвори…