СДСМ: Кочоска дискриминира ама и живее во паралелен универзум

t

Во недостиг на економски успеси, Кочоска освен што дискриминира други жени, тргна да се фали со БДП во еден квартал на крајот на минатата година, без да ги каже реалните индикатори за економијата и кризата во која таа и Мицкоски ја донесоа државата. Смешен е податокот за БДП од 3,2% во последниот квартал, кога инфлацијата е 5%, а кај храната од 10 до 15%. Ова значи дека нема никаков раст, туку, реално, граѓаните осиромашуваат, велат од СДСМ во соопштение.

„Со неверојатна леснотија, Кочоска прикажува економски победи, додека 83.000 работници не земале плата за јануари, додека цените постојано растат, а таа не презема ништо, додека платите стагнираат, а таа лично е против нивно покачување. Ова е потценување и исмевање на маката на граѓаните од страна на министерката, која, освен навреди кон пратенички, досега нема сработено буквално ништо во интерес на граѓаните.

Секојдневно компаниите отпуштаат работници, што е најдобар индикатор за тоа во која насока се движи економијата во државата. СДСМ постојано нуди конкретни решенија за подобрување на животот на граѓаните, се бори за стандардот преку понудени мерки и закони, но Владата нема интерес за тоа. Затоа, економијата и животниот стандард тонат и ќе продолжат да тонат додека оваа Влада ја води државата. ВМРО-ДПМНЕ и Кочоска реално немаат интерес да го подобрат стандардот на граѓаните и се фалат со лажни и половични економски индикатори“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…