СДСМ: Лебот во Македонија е еден од најскапите во Европа

Додека владата на Мицкоски е летната во облаци и мисли да купува авион Македонија се најде на третото место во Европа според поскапувањето на лебот, покажаа последните податоци на Евростат.
Огромна е скапотијата, граѓаните се борат да преживеат и да ги задоволат основните потреби а владата не презема ништо. Цените на основните производи се вивнати до небо, потрошувачката кошничка за само еден месец поскапе за 400 денари и достигна рекордни 63.000 денари.
Ова е директен резултат на погрешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кои ги фаворизираат богатите елити, а ги забораваат граѓаните.
Големата скапотија и високите цени ги изедоа приходите на македонските семејства и тоа е закана за зголемување на сиромаштијата.
Немаме за леб а купуваме чоколадо е повторно дел од политиките на оваа власт.
СДСМ бара владата да престане да води инает и да ги прифати предлозите на СДСМ за:
* Укинување на ДДВ-то на основните прехранбени производи. * Зголемување на минималната плата и платите во останатите ресори. * Да преземе мерки за контрола на цените на храната и енергенсите.
Доста е од лажни ветувања и празни зборови! Граѓаните не можат да издржат повеќе!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
Шести април нов датум за реизбор на…
На шести април СДСМ ќе ги оддржи…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…
СДСМ: Селектитвност не смее да има, да…
Прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски –…