СДСМ: Лопатарот Мицкоски се шета по протоколарни средби во Англија додека државата гори

t

Лопатарот Мицкоски очигледно решил целосно да ги игнорира пожарите во земјата и да се шета на протоколарни конференции во Англија, велат од СДСМ.

– Откако на првиот ден од пожарите тој лопатареше во Охрид ветувајќи дека за ден-два ќе се ставеле пожарите под контрола, сега реши да избега целосно и да не биде присутен во услови на огромна еколошка криза. 

Каква неодговорност и бесчуствителност е ова? Мицкоски нема ни Л од лидер, уште помалку премиер кој треба да ја води државата. Дали на секоја криза или некомотна ситуација Мицкоски ќе бега од земјата? Ова е срамно и кукавички. Според информациите од граѓаните, државата гори на сите страни, изгорени се сигурно повеќе од 2000 хектари на Серта во неготинско. Беснеат пожари секаде, а Мицкоски избега од топлото. 

Се уште се крие од јавноста и не ги покажува сметките за приватните патувања со синот во Вашинготн, ја задолжи државата преку ноќ, си зема кредит во четири очи од Будимпешта, а граѓаните оставени да се снаоѓаат како знаат со пожарите. – стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…