СДСМ манипyлиpa, мерките се ykинувaaт автоматски, а не по одлука на Град Скопје
Мерките и препораките за подобрување на состојбата со загадување на воздухот се активираат во деновите кога согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и по добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, (над 150 μg/m3 среднодневни концентрации на ПМ10) на мерните станици во Центар, Лисиче, Гази Баба и Ректорат.
Подобрувањето на состојбата во однос на загаденоста на воздухот значи и прекин на бесплатниот јавен превоз во градот Скопје. Оваа мерка е дел од пакетот интервентни мерки во деновите кога аерозагадувањето е енормно.
Итните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот се согласно Краткорочниот акционен план за заштита на амбиентниот воздух во град Скопје кој е донесен од Советот на Град Скопје. Овие мерки се на сила се додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар.
Така што срамни се обвинувањата од СДСМ, дека градоначалничката Данела Арсовска со своја одлука го укинала бесплатниот јавен превоз. Согласно закон мерките се стопираат кога просечното загадување ќе биде под 100 микрограми на метар кубен, како што е случајот сега, според известување добиено од Министерството за животна средина и просторно планирање
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…