СДСМ: Мицкоски во видео за 35 години независност ја промовира политиката на СДСМ

t

Опозицискиот СДСМ реагира на видеото што премиерот Христијан Мицкоски го објави по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, оценувајќи дека неговата содржина ги прикажува токму, како што велат од партијата, најголемите државотворни достигнувања реализирани под владеење на СДСМ.

„И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ посочуваат дека во видеото е прикажан првиот претседател Киро Глигоров, како и, според нив, најзначајните државни успеси во изминатите три и пол децении.

Сепак, од опозициската партија забележуваат дека во видеото не се вклучени членството на Македонија во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија, настани кои ги оценуваат како значајни делови од современата историја на државата.

„Сè што е позитивно и државотворно во тие 35 години, е дело на СДСМ“, тврди партијата.

Од СДСМ воедно ја критикуваат ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека ниту еден од, како што велат, вистинските државни успеси во изминатите 35 години не носи нејзин политички потпис.

Во реакцијата посебно се споменува поранешниот премиер Никола Груевски, за кого од СДСМ велат дека неговиот период на власт не е претставен во видеото.

„Затоа во видеото нема место за Никола Груевски. Тие години на темнина, криминал и бегство не се за промотивни спотови“, се наведува во соопштението.

СДСМ оценува и дека во видеото нема што да покаже ниту актуелната Влада, а објавата на Мицкоски ја толкува како парадокс во кој премиерот, сакајќи да ја промовира независноста, всушност ја претставил историјата на достигнувањата што опозицијата ги поврзува со своето долгогодишно политичко дејствување.

„Мицкоски сакаше да се пофали со независноста. А всушност објави промоција на сè она што СДСМ го изгради“, порача опозициската партија.

Од СДСМ заклучуваат дека Македонија има причина да биде горда на изминатите 35 години независност, при што тврдат дека „во најголем дел“ достигнувањата на државата носат потпис на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излезеноста во Србија до 11 часот е…

Според процената на ИПСОС и ЦеСИД, врз…

ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО СРБИЈА:…

Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД)…

Стритинг: Велика Британија мора да биде подготвена…

Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

(Видео) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БАРСЕЛОНА: УАПСЕНИ НАД…

Во Барселона во саботата попладне се одржаа…