СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

t

„Мицкоски, Лефков и сите коишто јавно ширеа лаги да им се извинат на граѓаните и на Ковачевски за сите фабрикувани афери, кои со денови ги пласираа против претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски“, се вели во утринското соопштение на СДСМ.

„Измислените афери на ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и потврди дека нема основ за покренување постапка против претседателот Ковачевски.

Очекувано се потврди она што Ковачевски јавно го кажа, дека тој се повлекол од компанијата уште во 2020 година и дека се е транспарентно објавено во неговиот Анкетен лист.

Исто така уште еднаш се потврди дека Белата палата е извор на лажни вести,конструкции и шпекулации, со кои се обидува да ја манипулира јавноста“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…