СДСМ: Мицкоски најавува намалување на акцизи, а со месеци одбива да преземе мерки
Опозициската СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски предоцна најавува намалување на акцизите на горивата, оценувајќи дека Владата со месеци не преземала мерки за заштита на граѓаните од растот на цените.
Од СДСМ тврдат дека со месеци повикувале на конкретни мерки за ублажување на последиците од поскапувањата, но дека Владата не реагирала навреме.
„Сега, кога цените повторно скокнаа, премиерот излегува со најава како да е нешто ново и храбро“, наведуваат од партијата.
Според СДСМ, граѓаните веќе подолг период плаќаат повисоки цени не само за горивата, туку и за прехранбените производи, а Владата, како што тврдат, реагирала дури откако штетата веќе била направена.
Од партијата оценуваат дека Владата води реактивна, а не проактивна економска политика и обвинуваат дека не успеала навремено да ги заштити граѓаните од растот на трошоците за живот.
Во соопштението СДСМ додава дека граѓаните заслужуваат политики што ќе ги спречат поскапувањата, наместо мерки што се носат откако тие веќе се случиле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европратеничката Јовева до Вучиќ: „Светот гледа“
Европратеничката Ирена Јовева му порача на Александар…
Дачиќ очекува стабилен резултат, Вучевиќ верува дека…
Претставниците на владејачката коалиција во Србија по…
Засилени активности во Пионирскиот парк во Белград:…
Во Пионирскиот парк во Белград се наоѓа…
Излезни анкети и „Полимаркет“ предвидуваат победа на…
Според процените на платформата за предвидувања „Полимаркет“,…
Вучиќ: Ако изгубиме, ќе ја признаеме волјата…
Александар Вучиќ, носител на изборната листа „Обединета…