СДСМ: Мицкоски на прославата за независност повторно ги нарече граѓаните талог, тоа не е државнички говор, туку отворена закана
На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески. Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство. Хипокризија во најчиста форма, велат утрово од СДСМ.
„На јубилејот на независноста премиерот прво зборува за единство, за жртвите, за иднината. Потоа ја активира истата стара фашистичка реторика на „талог“ кампањата што ја води од Илинден наваму, по теркот од најмрачните периоди. И за да биде пораката кристално јасна, седнува до државниот обвинител. Ова не е државнички говор. Ова е отворена закана. Ова е порака: ние ги контролираме институциите, ние ќе „расчистуваме“, ние одлучуваме кој е талог, а кој е ВМРО, тоа е криминална елита“, стои во соопштението на СДСМ.
Од таму велат дека ќе продолжат да ја бранат демократијата и слободата на говор.
„Додека зборува за правда и за тоа дека „талогот не смее да стане елита“, неговата Влада е најголемиот пример токму за тоа – криминални тендери, задолжувања од 4 милијарди евра за две години, мито дури и кај директорите и возачите, поделби, заплашување на критичарите и медиумите. Граѓаните не се талог. Опозицијата не е талог. Критичарите не се талог. Талог е оној што ја злоупотребува власта, што ги дели луѓето, што седи до обвинителот и испраќа закани на денот на независноста. СДСМ ќе продолжи да ја брани демократијата, слободата на говор и правото на секој граѓанин да не биде обележан како „талог“ само затоа што мисли поинаку. Народот ќе победи. Криминалците ќе одговараат. Власта ќе биде вратена на граѓаните“, соопштија од опоцизиската партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 300 милиони луѓе во светот немаат…
На 10 октомври секоја година се одбележува…
Приведени директори и вработени во Национални шуми,…
Директор на подружница на ЈП „Национални шуми“…
Русите потврдуваат: Путин во разговорот со Трамп…
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор…
10 октомври – Светски ден на менталното…
Денеска, 10 октомври, ширум светот се одбележува…
Денеска е Свети Калистрат: Празник посветен на…
Православните христијани денеска, 10 октомври, го одбележуваат…