СДСМ: Мицкоски немаше проблем со колената кога се искачуваше на Водно, сега има за да се вози со бизнис класа
Премиерот Христијан Мицкоски во интревју за Топ Тема на Телма Телевизија ги призна луксузните патувања со бизнис класа, скапите карти до 20.000 евра платени со народни пари, велат од СДСМ.
– И повторно се обиде Мицкоски да излаже.
Со смеа и неверување јавноста и граѓаните ги слушнаа „оправдувањата” на Мицкоски дека причина биле проблеми со колениците.
Дали сите 3 министри во Владата на Мицкоски кои беа во Вашинготн на државна сметка имаат исти проблеми со колената па мораат да патуваат со бизнис класа?
А кога се сликаше на Водно како се качува Мицкоски имаше ли проблем со колениците ?
Мицкоски лаже и си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните.
Скапи авионски летови и бизнис класи од 20.000 евра, часовници од 60.000 евра, имоти на поклон од 300.000 евра додека вели дека нема пари за поголеми плати за работниците.
Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања. – велат од опозициската партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…