СДСМ: Мицкоски отвора базен, а Македонија се дави во изолација и долгови
Соопштение за јавност
Добродојдовте во криминална држава на лажните патриоти на ВМРО – Дизниленд за возрасни.
Нема леб, има игри. Нема Европа, ама има базен.
Додека тие се капат во пари, граѓаните се дават во проблеми.
Додека Реформската агенда официјално умре, а рокот истече со нула реализирани точки, премиерот Христијан Мицкоски свечено отвора нов базен во Карпош.
Скопје плови во ѓубре од кога Мицкоски го постави Орце за градоначалник.
Кај Мицкоски сè плови освен тој – тој лета за Сплит.
Граѓаните чекаат по 10 часа на граница за да стигнат до море, а Мицкоски отвора базен.
Изгледа дека ова е новата стратегија на Владата и Мицковски: „Летувајте во Македонија“.
Покрај планините, сега имате и базен. Не морате преку граница. Наскоро и нема да можете.
После базенот, очекуваме и тобоган – па да му ги исполни сите предизборни ветувања.
Наскоро следат свечени отворања на тротоари, контејнери, бандери, лифтови и скали… а не отворање на поглавја и преговори со Европската Унија.
Ова не е влада. Ова е циркус.
Додека народот се бори со празни фрижидери и празни паричници, Мицкоски се занимава со отворање базени.
Наместо да привлекува странски инвестиции (кои паднаа за 60%), тој отвора базен.
Трагично-смешно е да гледаме како премиер на држава што тоне во изолација и долгови свечено отвора базен.
Распишете референдум веднаш!
Граѓаните сами нека одлучат дали сакаат да се давиме во изолација или да пливаме кон Европа.
Реформи сега.
Малцинства во Уставот сега.
Европа сега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…