СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

t

Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, бидејќи ЗНАМ повеќе не постои ниту во анкетите, ниту во гласови, велат од СДСМ.

„Огромниот пад на рејтингот, празниот буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите, го принудуваат Мицкоски да бара нов начин да го раздели опозицискиот блок, бидејќи и ВМРО ја губи поддршката од граѓаните. Европска иднина со ЗНАМ? Каква смеурија. Партија која е дел од тендер коалицијата со организираната криминална група ВМРО, која од Македонија направи слепо црево на Балканот, сега зборува за европска иднина. Во исто време кога највисоките функционери на оваа Влада, вклучително и од ЗНАМ, си обезбедија бугарско државјанство и имаат фирми во Бугарија. Додека караванот минува, тие делат последни тендери и пари за да ја наплатат својата улога на сателит на Мицкоски на последните избори, кога ја издадоа својата партија, а потоа и своите гласачи“, стои во соопштението.

Од опозициската партија велат дека ЗНАМ никогаш не била вистинска политичка сила.

„Наместо да се соочат со економскиот колапс, наместо да одговорат зошто Буџетот е празен, зошто пензиониот фонд е загрозен и зошто Македонија е целосно изолирана од европскиот пат, тие прават политички театар. Здружението на Максим Димитриевски и уште неколку квислинзи од СДСМ, ЗНАМ никогаш не беше вистинска политичка сила. Тоа беше инструмент во рацете на Мицкоски. Сега кога тој инструмент се распаѓа, тие се обидуваат да го продолжат неговиот живот преку караван и празни слогани. Но граѓаните веќе ја препознаа играта. Караванот е театар додека се делат тендери. Новиот проект на Мицкоски – ЗНАМ 2.0 е веќе во создавање, само овој пат граѓаните знаат и не се наивни. Доага време вистина и правда“, соопштија од СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар…

Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца…

Дали цените значат подобар животен стандард: Евростат…

Новото истражување на Евростат покажа големи разлики…

Поднесена кривична пријава: 35-годишник натепал 10-годишно дете…

ОВР Струга поднесен кривична пријава против Ч.Д.(35)…

Трамп сo закани кон Иран: „Нема да…

Претседателот на САД Доналд Трамп потврди дека…

(Видео) Аеродромот во Каракас ја отвори пистата…

Една писта на клучниот аеродром во главниот…