СДСМ: Намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе значително намалување на сметките на граѓаните

„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%, ќе донесе значително намалување на сметките за струја на над 600.000 домаќинства“, велат од СДСМ, и додаваат:
„За сметка од 3.000 денари, заштедата за граѓаните ќе изнесува околу 400 денари месечно.
Во услови кога животот станува сè поскап, сè повеќе семејства се соочуваат со финансиски тешкотии мерката на СДСМ за намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе директно финансиско олеснување за граѓаните.
Евростат измери дека граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја во регионот.
Владата на Мицкоски покажа голема неспособност и незаинтересираност, наместо да им помогне на граѓаните ги остави сами.
Граѓаните се жалат дека јануарските сметки за струја им се зголемени од 20% до 30%, со што им е зададен уште еден сериозен удар врз нивните семејни буџети по серијата поскапувања на цените на производите, на храната но и на парното.
СДСМ ја повикува Владата и сите пратеници во македонското Собрание, да го прифати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ на струја од 18% на 5%, за да им се помогне на граѓаните да го прребородат овој тежок период.“, стои во соопштението на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката…
Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија…
Костова: Додека за народот стана луксуз да…
Владата на ДПМНЕ за само девет месеци…
СДСМ: Откако Таравари беше фатен во обид…
Мицкоски и Таравари беа фатени во обид…
СДСМ: Мицкоски и Таравари се препелкаат во…
Од СДСМ велат дека не е јасно…
СДСМ: Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е напаѓај, лажи,…
ВМРО-ДПМНЕ нема пари за работниците, но има…