СДСМ: Нема пари за плати, ама има за двајца заменици директори во Царина

t

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ветуваа намалување на заменичките места, на двојните директори а во Царина сакаат да воведат уште еден, втор заменик директор. Ете такви законски измени предлагаат ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието велат од СДСМ.

– Малку им се министри, заменици, директори, раководители, па си измислуваат позиции заменик на заменик директор. Досега вакво нешто е невидено ниту чуено, Царина да има директор, заменик директор и уште еден, втор заменик директор. Кого ќе заменува вториот заменик во Царина? Директорот, заменикот директор или самиот себе? Очигледно гладни се коалициските партнери на ВМРО ДПМНЕ па освен ВЛЕН треба да има заменик и за ЗНАМ. Наспроти бомбастичните најави за рационалност и намалување на позициите власта штанца директорски позиции само заради задоволување на партиските апетити. Нема пари за плати на работниците ама има пари за нови измислени позиции? Бараме ВМРО ДПМНЕ да го повлече катастрофалниот Закон во Собрание, се вели во соопштението од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Мицкоски пред Фон дер Лајен: Македонија ги…

Обраќање на премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција…

Нема скратување на боледувањата, а контролите нема…

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување,…

Албански државјанин почина во Кичево – ќе…

МВР информира дека вчера во 19:40 часот…

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…