СДСМ: Нема предвремени избори!
Целосното заложништво на Мицкоски кон Апасиев создава феномен на политичката сцена и секогаш кога Мицкоски нешто ќе најави се случува сосема спротивното, реагираат од СДСМ и додаваат дека темата за предвремени избори е затворена.
„На Божиќ оваа година Мицкоски рече дека на крајот на февруари ќе обезбеди 61 пратеник за распуштање на Собранието. Се случи спротивното. Нема 61 пратаник Мицкоски туку има зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство. Мицкоски рече дека во мај ќе се случеле предвремени избори. Секако дека се случи спротивното. Нема предвремени избори, Мицкоски капитулираше уште еднаш и оваа тема е веќе затворена. После капитулацијата со предвремените избори, Мицкоски го чека пораз и на изборите во 2024 година“, велат од СДСМ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска понуди предвремени парламентарни избори во мај за кои, вели, претходно не мора да има техничка влада 100 дена. Оваа понуда е контрапредлог на првиот вицепремиер Артан Груби, кој ѝ предложи на опозициската партија да ги изгласаат уставните измени и веднаш да одат на избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…
Естонија на 1 декември ќе ја затвори…
По синоќешниот обид за саботажа во естонската…
ОН: До 2100 година Македонија може да…
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…