СДСМ: Не сме против гласање на дијаспората, туку против модел кој отвора врата за изборен грабеж
Продолжуваат партиските преписки околу гласањето на дијаспората. Од СДСМ повторно обвинуваат дека власта не се откажува од обидите за, според нив, изборен инженеринг и манипулација со над 200 000 гласови од дијаспората. Оттаму велат дека не се против гласање на дијаспората, туку против модел кој би отворил врата за изборен грабеж.
„Откако им пропадна шверцерскиот обид за електронско гласање, без било каква контрола, сега се обидуваат да наметнат гласање по пошта, повторно без никаква контрола и безбедносни гаранции за слободната волја на граѓаните. На Мицкоски не му е важна Реформската агенда, тоа му е само параван за изборен грабеж. Лага е дека СДСМ е против гласањето на дијаспората, бидејќи иселениците гласаат и сега. Ние сме против модел кој отвора врата за изборен грабеж и манипулација со гласовите на 200 илјади граѓани од дијаспората“, велат од СДСМ.
Опозициската партија цени дека власта треба да се повлече од „овие намери“ и да достави нов предлог каде ДИК со консензус би го регулирал гласањето на дијаспората.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Египет стави исламско здружение од Македонија на…
Македонско исламско здружение се најде на списокот…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…
Компаниите што во последните три месеци редовно…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…