СДСМ: Новата концепција за гимназиско обазование ја одбија сите релевантни институции и експерти, ја брани само министерката
„Предложената Концепција за гимназиско образование од страна на Министерката Весна Јаневска предизвикува сериозни реакции од стручната фела, наставниот кадар и пошироката јавност. Ова уште еднаш ја покажа целата неспособност на министерката Јаневска која рече дека децата може да учат англиски од серии и дека не им се потребни учебници. Очигледно Јаневска нема капацитет да го води овој толку значаен ресор“, велат од СДСМ.
„Оваа концепција, која се турка без доволна консултација и анализа, може да доведе до уништување на критичката мисла и намалување на квалитетот на образованието. Како одговорна политичка партија, СДСМ повикува на итно организирање на Јавна дебата со сите засегнати страни за да се обезбеди квалитетен и модерен образовен систем кој ќе одговара на потребите на учениците и наставниците. Јавна дебата не е поставување на Концепцијата на веб-страницата на БРО. Несериозно е да се прават сериозни реформи без јавна дебата, од таа причина оваа Концеоција ја одбија сите релевантни институции и експерти, ја брани само министерката“, посочуваат од СДСМ.
Според нив неопходно е министерката Јаневска да преземе одговорност и да ја повлече предложената реформа, каде меѓудругото се укинуваат предмети кои се основата на гимназиското образование.
„Без предметите филозофија, етика, логика, социологија, педагогија и други, се урнисува основата на гимназиското образование. Апелираме до министерката Јаневска да се вразуми, да ја повлече штетната Концепција и да ги слушне реакциите на стручната јавност. Да се организира јавна дебата каде ќе се вклучат сите релеватни страни во отворена и аргументирана дебата со цел креирање на реформи во интерес на граѓаните и идните генерации“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентската листа во Србија не планира задолжителен…
Задолжителниот воен рок нема да биде воведен…
За еден месец запленети 734 кубни метри…
Запленети се 734 кубни метри дрва и…
Пациенти глумат дека имаат симптоми за да…
Според ново национално истражување спроведено во САД,…
Семејна драма во Македонија: Инцидент меѓу двајца…
69-годишен маж од Гостивар се соочува со…
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…