СДСМ пак се скара со својот градоначалник: Мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!

t

Видовме дека зад секој поголем бизнис стои Мицкоски. Така е и со рудникот за антимон во Крива Паланка.

Носители на проектот се донатори и блиски соработници на ВМРО.

Никој од власта не се грижи за здравјето на граѓаните освен на зборови.

Граѓаните мораат сами да одлучат.

Градоначалниче, референдум! Нека граѓаните на Крива Паланка сами одлучат дали сакаат рудник за антимон во својот крај.

Не може повеќе бизнисот да биде главна тема.

Имаме страшни искуства од минатото со рудниците во Македонија, Крива Паланка има свој пример со загадувањето на реката.

Пред една година анализи покажаа дека концентрацијата на тешки метали, цијанид и други токсични материи во Крива Река беше десетици пати над дозволеното.

Дали граѓаните на Крива Паланка сакаат да се препуштат на „чувствата” на Мицкоски дека „се ќе биде во ред” или сакаат сами да одлучат?

Власта не е способна да се справи со 10 крави во паланечко, а камоли да го заштити целото население на Крива Паланка од труење.

Еден од најопасните рудници за животната средина се токму рудниците за антимон и литиум.

СДСМ јасно стои на страната на граѓаните: референдум за рудникот!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба,…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само…

Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…

Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…