СДСМ: Пациент сам си платил 130 илјади евра за биолошка терапија – државата не му обезбедила, а во Скопје се дели помош за помалку од половина од онколошките пациенти

t

Опозициската СДСМ преку соопштение прашува кој одлучува кој ќе добие терапија или парична помош.

„Две вести ја покажуваат вистинската слика за здравството под оваа власт. Прво: Пациент морал од свој џеб да плати околу 130.000 евра за биолошка терапија – затоа што државата не му ја обезбедила. Кој одлучува кој ќе добие терапија? Комисија. Без јасни критериуми. Без транспарентност.
Второ: Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најавува дека 456 онколошки пациенти ќе добијат еднократна парична помош. Пријавени биле 1.200. Значи – повеќе од половина остануваат без ништо.
Прашањата се едноставни:
• Која е методологијата?
• Кој одлучува кој ќе добие, а кој не?
• Дали одлучува Орце? Дали одлучува ВМРО?
• Ако нема за сите – како се тоа вика?“, прашуваат од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека ова не е системска грижа, туку селективна помош.

Ова не е системска грижа за болните. Ова е селективна, политичка „помош“ што се дели како милосрдие. Додека граѓаните умираат чекајќи терапија или плаќаат стотици илјади евра од џеб, Владата и нивните градоначалници прават шоу со списоци и фотографии. Здравството не се решава со еднократни пакети за избрани. Се решава со систем, со лекови, со терапија за сите – не за 456 избрани. Ова е ВМРО. Ова е нивната „грижа“ за граѓаните. Истата „грижа“ ја гледаме и со водата. Цела Македонија се труе, а особено Гостивар. Луѓето пијат кал и бактерии, а пациентите од Гостивар се возат во Тетово – затоа што и болницата им ја отруја. Грижа за здравјето? Грижа за водата? Не. Само селективна пропаганда и целосен колапс на системот“, стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од дрон заврши на плажа во…

Дел од дрон бил пронајден во близина…

ДУИ: „Зошто ВЛЕН не се осмелува да…

Молкот пред величењето на геноцидот е толеранција,…

Властите во Непал предупредуваат за можни нови…

Непалските власти денес предупредија за можноста од…

Финскиот претседател убеден дека Русија нема да…

Финскиот претседател Александер Стуб во интервју за…

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да…

Јапонската метеоролошка агенција издаде денеска посебно предупредување…