СДСМ: Повторно се пука, овој пат во Тетово, со Тошковски и ДПМНЕ безбедноста на граѓаните се влошува

t

Со Тошковски и ДПМНЕ безбедноста на граѓаните се влошува, велат од СДСМ.

„Повторно имаме случај на пукање, овој пат во Тетово, од автомобил е пукано во семејна куќа. Во само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства, пресметки на криминални групи, опожарени возила, обид за убиство на градоначалник, пукање, во Чаир, сега и во Тетово.“, додаваат од СДСМ.

Според СДСМ, случајов е налик на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога граѓаните стравуваа за својата безбедност.

„ДПМНЕ не се способни да ја гарантираат безбедноста и сигурноста на граѓаните“, завршуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија – најмониторирана земја членка во Советот…

Хелсиншкиот комитет за човекови права во Бугарија…

Непознати лица се обиделе да запалат синагога…

Непознати лица синоќа фрлиле молотов коктел врз…

Борел: Западен Балкан има историска можност да…

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика…

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во…

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, смета дека…

(Видео) Утрово во пет колони се влегуваше…

Од утринските часови, па се до пладне,…