СДСМ поднесе интерпелација за Цветан Трипуновски поради корупција, скандали и сомнежи за злоупотреба на функцијата
Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, објави на Фејсбук поранешниот министер за земјоделство и актуелен пратеник Љупчо Николовски.
-Денес пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, прва интерпелација од наша страна за оваа Влада.
Интерпелацијата се темели на сериозни и алармантни причини: корупција и сомнежи за злоупотреба на функцијата, клиентелизам, промашени и штетни политики, селективна распределба на субвенции и целосен недостатоток на јасна стратегија, што доведе до уназадување на секторот и растечко незадоволство кај земјоделците.
Во Собранието детално ќе ги изложиме фактите и аргументите. Одлуката е на пратениците, дали ќе дозволат земјоделството да продолжи да тоне или ќе застанат зад одговорност, транспарентност и вистински политики што носат резултати, објави поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ поднесе интерпелација за Цветан Трипуновски поради…
Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за…
Лукашенко: Трамп му покажа на светот дека…
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека…
Изјавата на Арагчи за отворањето на Ормускиот…
Изјавата на иранскиот министер за надворешни работи,…
Маѓар: Се уништуваат документи од владата во…
Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса која…
Хавана: Не сакаме војна со САД, но…
Куба не сака војна со Соединетите Американски…