СДСМ реагира на изјавата на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

t

Само еден месец по парламентарните избори, јасно е дека ДПМНЕ го излажа народот.

Ветуваа ефикасна и намалена јавна администрација, а шверцерски, по итна постапка, без анализа и буџетски импликации, среде ноќ, донесоа закон за зголемување на бројот на министерствата.

Митева и 77-те послушници на Мицкоски имаа можност да зборуваат, ама молчеа, немаа што да кажат, регира СДСМ,

Можеа да кажат дали се пудлици седнати во скутот на ДУИ?

Што и да зборува сега Митева, колку небулози да шири, не може да го пренебрегне фактот дека е лажливка, дека заедно со колегите лажговци од ДПМНЕ, го излажа народот – едно зборуваа пред избори, а друго прават сега.

Според Мицкоски ништо во политиката не е случајно, па така кампањата на ДПМНЕ против ДУИ се претвори во политички пазар.

Ветуваа подобри договори и јака меѓународна политика, а веќе отворија кавги со соседите.

Ветуваа ќе ја намалат задолженоста, а уште неседнати во фотелјите најавуваат земање кредит од милијарда евра.

Сметките за нивните лаги допрва ќе дојдат за наплата, кај граѓаните и државата.

ДПМНЕ гордо ги предаде граѓаните, ја изневери довербата на народот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…