СДСМ: Ристов во РКЕ, Мицкоски ја шири својата бизнис мрежа

t

Бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката се шири со нова алка.

Поранешниот градоначалник од ВМРО, Ацо Ристов, чија сопруга Данка Ристова е избрана за членка на Судскиот совет, е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

И Ристов како Мицкоски имал бизнис со хидроцентрали.

Своите луѓе Мицкоски ги става во клучните институции, сега и во Регулаторната комисија за енергетика – телото кое директно одлучува за цената на струјата што ја плаќаат граѓаните, како и за цената на горивата.

Ова е уште една алка во синџирот што СДСМ веќе го разоткри:

Почнувајќи од Адамовиќ, функционер на СНС, преку офшор структурите на Кипар и компаниите поврзани со енергетскиот бизнис, поврзаноста со „Руднап”, РЕК Битола, Развојната банка, Божиновска…

Сега во РКЕ.

Сите делчиња од својата мрежа Мицкоски ги намести.

Сега има свои луѓе од почеток до крај – од производство и увоз на струја, до продажба и банкарство.

Бизнисот си врви.

Кој тоа ќе го плати? Па граѓаните. Народот.

Кога граѓаните ќе видат денеска високи цени на горивата, нека се сетат на бизнис мрежата на Мицкоски.

Кога ќе видат висока сметка за струја – тоа е позадината.

Сѐ е бизнис за Мицкоски.

А ако треба некој да одговара, е за тоа тука се судиите за да го спречат.

СДСМ ќе продолжи да ја разобличува целата оваа криминална мрежа – од Македонија, преку Србија, до Кипар и пошироко.

Сите ќе одговараат!

Центар за комуникации, СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…