СДСМ: Се намножија прашањата за кои Мицкоски нема одговор
СДСМ излезе со соопштение во кое се наведува дека на Христијан Мицкоски е шеф на Организирана криминална група – ОКГ (ВМРО-ОКГ), му се намножија прашањата за кои тој нема одговор:
Затоа СДСМ ги повторува за да го потсети:
1. 91 ден нема одговор од Обвинителството, од ДКСК, од судството за криминалните тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за друга, 74 тендери за трета фирма блиска до власта.
2. 30 дена нема одговор за најголемиот нарко скандал со 5 тони дрога преку граница и кој од власта ќе одговара.
3. 6 дена нема одговор за дилот со Груби и одлуките за куќен притвор на контролираното Обвинителство и судство.
4. 32 дена нема одговор за Симе, криминалец кој има цел албум слики со Мицкоски, кој пука од оружје, го цитира Шешељ пред руско знаме и никој ништо не му може.
5. 10 дена нема одговор за Душан Адамовиќ, за неговите врски со Мицкоски и зошто е поставен за почесен конзул кога има криминално минато и врски со Москва?
6. 7 дена нема одговор за авионот, зошто не се прави ребаланс на буџетот и зошто се уште стои во ставката на СОЗР како можна рата?
7. Нема одговор за хидроцентралите и поставувањето на олигархиската бизнис мрежа на Мицкоски.
8. Нема одговор за историскиот пад на странските инвестиции од 729 милиони евра.
9. Нема одговор зошто не се покачија платите на работниците додека има пари за тендери.
10. Нема одговори зошто се кратат 40 милиони евра од земјоделците, 3 милиони евра од парите за лековите.
Заместо одговори, СДСМ смета дека има само дефокус, напади, црна кампања, јавен линч и единствен одговор на Мицкоски дека е против ЕУ и дека тоа е политиката на ВМРО-ОКГ.
Затоа секогаш кога власта е фатена во скандал, во криминални тендери, дилови, одговараат Бетмен, Ивона, Латас. Не поминуваат повеќе спинови. Граѓаните гледаат и знаат сѐ. Наместо да прави таблоидни наслови нека одговори на прашањата, порачуваат од СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец нападнал двајца вработени во ЕВН —…
Полицијата вчера уапсила 47-годишен насилник од Скопје…
Започнува историското судење против „Мета“ за создавање…
Компанијата „Мета“, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
(ВО ЖИВО) Историска вселенска прошетка од Меѓународната…
Во тек е вселенска прошетка надвор од…
Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина…
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази…