СДСМ: Сиљановска и Тошковски контра премиерот, Мицкоски да им се извини на граѓаните

t

После претседателката Гордана Силјановска и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски рече дека нема загрозување на безбедноста на државата и затоа нема потреба од свикување на Советот за безбедност. Ова значи дека и Сиљановска и Тошковски го демантираат премиерот Христијан Мицкоски кој јавно соопшти дека има информации за нарушување на безбедноста и дека се спрема дестабилизација на земјата, велат од СДСМ.

„Сосема спротивно, според официјалните изјави на претседателката Силјановска и на министерот Тошковски Мицкоски не поседувал информации за нарушување на безбедносната состојба. Очигледно најавите на Мицкоски за некаква дестабилизација биле без основа, односно не се ништо друго освен сценирање, заплашување и манипулација со чувствата на граѓаните. За изнесените лаги Мицкоски треба да излезе и да им се извини на граѓаните! Ова секако не го исклучува од одговорност, за што Обвинителството треба да го повика Мицкоски на сослушување“, тврдат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија очекува нови руски хибридни напади

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…

Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…

Паралелно со геополитичката криза се развива уште…

Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…

Иран се подготвува за поширок и посилен…

Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…

Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…

Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…

Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…