СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите кадри го претворија во еколошка бомба
Скопје со денови е задушено во чад. Граѓаните со најскапото нешто, со своето здравје, ја плаќаат цената на неспособноста и лагите на ВМРО-ДПМНЕ. – вели во прес – конференцијата, Катерина Цаневска Арсовска, носителка на советничка листа на СДСМ и коалицијата во Скопје
Силно загадување од двете најголеми еколошки бомби во градот, депонијата Дрисла и дивата депонија Вардариште ги трујат скопјани, а власта на ВМРО-ДПМНЕ цели четири години не мрдна со прст.
А пред четири години градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ветуваа фабрика за селекција на отпад во Дрисла, ветуваа затворање и дислокација на Вардариште, покривање и озеленување, замислете, ветуваа и зелена зона Вардариште.
Поминаа четири години, а од ова ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ништо не направија.
Ги оставија депониите да го загрозат човековото право на здравје и живот.
Депониите трујат, власта е неспособна да го реши проблемот.
Ниту гаснењето на депонијата Дрисла со денови не дава никаков резултат.
Орце Ѓорѓиевски, како претседател на ЗЕЛС, бега од граѓаните и не презема ништо додека скопјани се гушат во чад и отров. До него не допира ни револтот на граѓаните.
Со кое лице утре ќе излезе пред нив и ќе бара доверба и глас?
На скопјани не им се потребни луѓе кои се кријат, кои немаат решенија и не преземаат ништо туку итни мерки за брза санација, за заштита на здравјето и долгорочни решенија.
За еколошката катастрофа вината е кај ВМРО-ДПМНЕ и нивните неспособни кадри и градоначалници токму од оваа партија.
Претседател на Управниот одбор на Дрисла е Даме Димитровски, актуелен советник на премиерот Христијан Мицкоски за животна средина и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на Дрисла, Јане Мицевски, човек без никакво соодветно искуство, замислете, магистер за туризам и менаџмент.
Со депонијата Вардариште, познато е, со децении управуваат градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје. Скопјани ќе испорачаат казна на локалните избори за оваа екоцидна власт која со години ги лаже и труе граѓаните. – додава Цаневска Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Дејан Трајковски – Џонсон ќе ја предводи…
Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Галетановски: Трет ден не ми се јавиле…
Претседателот на градската организација на СДСМ за…
Мицкоски: Очекувам шпекулации, конструкции, подметнувања и невистини…
Првите избори што ќе ги спроведува новата…