СДСМ: Со Ефимија, Мицкоски ја претвора Развојната банка во филијала на своите бизниси

t

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

Најновиот скандал е окупацијата на Развојната банка поради бизнис интересите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

АКТ откива, како шемите на Мицкоски од хидроцентралите се шират во институциите.

Ефимија Димовска, сопруга на бизнис-партнертот на Мицкоски во хидроцентралите, е назначена за прв човек на Развојната банка.

Нејзиниот сопруг, Димитар Димовски е долгогодишен бизнис-партнер на Христијан Мицкоски во хидроцентралите, преку компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје.

Димовски освен по заедничките бизиси со хидроцентрали е познат и по криминални скандали, по предметот „Топлик“ каде доби две години условна казна затвор, обвинет во предметот „Шпански скали“.

Мицкоски го стави до него, во Владата, како секретар за јавни политики. Сега неговата сопруга Ефимија ја става во Развојна банка, очогледно да ги контролира државните пари.

Сè е приватен бизнис за Мицкоски.

Часовници од 60 илјади евра, луксузирање со авиони, тендери, мрежи и пари.

Сега Димовска ја избра да одлучува за кредитни линии и финансирање на енергетски проекти.

Кога Мицкоски вели дека е експерт за енергетика еве на ова мисли.

Во исто време Димовски имаат семејни фирми.

Ефимија е сопственик на „Херба Натура“ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект „ХН Соларис“.

Сега партнерите на Мицкоски добиваат „директен линк“ за своите семејни фирмии во Развојната банка.

Ова е класичен конфликт на интерес.

Воспоставување на олигархиска структура на ВМРО ОКГ каде државните институции служат како сервис на една тесна бизнис-групација околу Мицкоски.

Ова не е развој на државата, ова е развој на бизнисите на Хридро Мицко и неговите партнери.

СДСМ бара итно повлекување на Ефимија и соодветна реакција на ДКСК и останите институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…