СДСМ со исти тези како Софија се бори против Мицкоски

t

Филипче и бугарската Фондација „Македонија“ со идентична порака: Паднаа Орбан и Вучиќ, следен е Мицкоски

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и претседателот на бугарската Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов објавија пораки со речиси идентична теза по изборните случувања во Србија.

Двајцата го поврзуваат поразот на Виктор Орбан во Унгарија и на Александар Вучиќ во Србија со очекување дека следен ќе падне Христијан Мицкоски.

Во објавата на Филипче која има иста порака како таа прикажана и споделена во контекст на фондациската страница се вели:

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа!
Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен.
Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.“

Фондацијата „Македонија“ ја објави истата теза под насловот „Тик-так“, проследена со визуел на домино-ефект: паднати плочки со ликовите на Орбан (со унгарско знаме), Вучиќ со српско и Мицкоски со македонско знаме, што ја илустрира тезата за последователен пад.

Двете објави ја третираат победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија како дел од поширок процес, со јасна алузија дека следниот во низата е актуелниот македонски премиер.

Филипче дополнително најавува дека во Македонија „нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група“.

Објавите доаѓаат непосредно по признавањето на изборниот пораз од страна на Вучиќ и прелиминарните резултати според кои опозициската студентска листа освоила мнозинство. Орбан претходно го загуби премиерското место на унгарските избори во април 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ со исти тези како Софија се…

Филипче и бугарската Фондација „Македонија“ со идентична…

Бесент им порача на Иранците: Набавете гориво…

Американскиот секретар за финансии Скот Бесент ги…

Политико: На Франција и се заканува должничка…

Франција се соочува со зголемен ризик од…

„Израел хајом“: Саудиска Арабија наводно нуди милијарда…

Саудиска Арабија наводно понудила една милијарда долари…

(Видео) Вучиќ: „Упадот во ’Информер‘ е монструозно…

Лидерот на опозицијата во Србија, Александар Вучиќ,…