СДСМ: Стоилковиќ отворено работи на соработка со Кина, а во Македонија тоа се крие од јавноста

t

Соопштение за јавност

Како што месеци наназад предупредувавме, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблискиот соработник на Мицкоски и втор човек во владата, отворено работи за интереси спротивни на европската иднина на Македонија.

Сега, во интервју за кинеска државна телевизија, Стоилковиќ повикува на „соработка со Кина која не е избор, туку неопходност“.

Човекот кој со години соработува со српската БИА и ги застапува руските интереси, сега ја работи на кинеската агенда.

Интервјуто се крие од македонската јавност, бидејќи знаат дека граѓаните нема да го прифатат.

Додека новиот стратегиски документ на Стејт департментот јасно нагласува три приоритети – борба против криминал и корупцијата и никаква соработка со Кина и Русија – Стоилковиќ патува во Кина со делегацијата на СНС на Вучиќ, како да е дел од нив.

(Извештај до Конгресот за политиката на Соединетите Американски Држави за промовирање на регионалната стабилност и просперитет на Западен Балкан:

https://www.state.gov/wp-content/uploads/2026/05/United_States_Policy_to_Promote_Regional_Stability-Accessible-HRC1399683.pdf )

Ова не е случајност.

Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија во изолација од Европа, а да ја врзуваат за авторитарни режими и источни сили.

Граѓаните заслужуваат европска иднина, а не да бидат заложници на туѓи интереси.

Реформи сега.

Малцинства во Уставот сега.

Европа сега.

https://news.cgtn.com/news/2026-05-26/North-Macedonia-s-deputy-PM-Cooperation-not-a-choice-but-a-necessity-1NsyyEUj1n2/p.html

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…

САД се подготвуваат да објават нови царини…

ЕУ планира да вложи до 50 милијарди…

Европската Унија планира да вложи до 50…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бега од одговорност бидејќи со…

Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор…

Кинески владин службеник осуден на смрт поради…

Еден кинески владин службеник е осуден на…

СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе…

СДСМ и коалицијата со амандмани на Предлог-буџетот…