СДСМ: Тошковски е неспособен за функцијата, му избега или го пушти Блерим Рамадани?
Панче Тошковски е големо разочарување на позицијата Министер за внатрешни работи. Откако е дојден на оваа функција веќе повеќе од шест месеци, државата е претворена во Хотел Промаја, а криминлаците бегаат како ќе им текне, велат од СДСМ.
„Вчерашното бегство на Блерим Рамадани, човек баран со меѓународна потерница е уште еден во низата настани кои потврдуваат дека МВР под Тошковски нема контрола над државата. Прашуваме како е можно да се дозволи бегство на затвореник баран со меѓунардона потерница? Дали дозволи да избега или е крајно неспособен да зачува криминален кој е меѓународно баран? Тошковски исто не одговори, како е можно само пред неколку дена други десет затвореници да избегаат од Шутка?
Во текот на вчерашниот ден се сподели и видео на социјалните мрежи каде во сред бел ден се врши грабеж во центарот на Скопје а МВР нема информација дали го лоцирала сторителот. Се случија шест убиства и обиди за убиства за кои нема разрешница освен за едно. Државата за шест месеци со Тошковски на чело на МВР се претвори во Див Запад и нема никаква одговорност. Тошковски треба да е доблесен и да си замине од функцијата“, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…
По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Трамп даде по 100 долари на 20…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…