СДСМ: Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ, полицијата ставена во функција на власта
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствивал на партиски состонок за изборите во партиски штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани. – пишува во соопштенето на СДСМ
На истиот состанок присуствувал и полицискиот инспектор при ОВР Прилеп, Сашо Јосифоски, што претставува директно кршење на Законот за внатрешни работи.
Очигледно партизираната полиција на Тошковски е целосно ставена во функција на ВМРО-ДПМНЕ наместо на изборниот процес.
Ова е флагрантна злоупотреба на институциите во партиски цели.
Министерот Тошковски, наместо да гарантира независност и професионалност на полициските структури, ја претвора полицијата во сервис на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ бара разрешување на полицискиот инспектор, суспензија, дисциплинска постапка и одговорност од Тошковски.
Полицијата мора да биде во служба на граѓаните, а не во служба на ДПМНЕ.
Македонската јавност веќе еднаш видела што значи партизирана полиција – притисоци, закани и злоупотреби во изборен процес. Тоа нема да се дозволи повторно. – додаваат од СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Навроцки го прекина летот за Сенегал по…
Полскиот претседател Карол Навроцки го прекина патувањето…
Туск: „Или ќе ги исфрлите од парламентот,…
Полскиот премиер Доналд Туск ги повика избирачите…
(Видео) Полската опозиција обвинува за „државен удар“
Извештаи за полициска интервенција во полскиот Уставен…
Радичевски: Општината е на сите граѓани од…
„Овој поглед ме прави горд и ми…
(Видео) Драма во Полска: Полицијата влезе во…
Полска се соочува со нова политичка и…