СДСМ шири лажни вести – сакаат да го партизираат образованието

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ шири лажни вести. Го пренесуваме партискокто соопштение во целост:
“Соопштението на СДСМ е класичен пример за лажни вести. СДСМ преку производство на вакви лажни вести се обидува да се извади од тоа што не гласаше за усогласување и покачување на платите на наставниците. Ако бил идентичен законот како што вели СДСМ, тогаш зошто не го прифатија предлог законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, кој за разлика од предлогот на власта нема предвидено груба партизација. Еве ги повикуваме СДСМ да ги исфрлат членовите од предлог законот кои предвидуваат партизација на образованието и ќе прифатиме секое покачување, кое патем го предлагаше и ВМРО-ДПМНЕ.
Власта се обидува да протурка закон за наставници кој нема за цел подобрување на стандардот на образованието и подобрување на стандардот на наставниците, туку има за цел да овозможи груба партизација.
СДСМ планира вработувања на наставници и професори на неопределено без положен приправнички испит односно вработувања според партиската припадност, што значи директно рушење на квалитетот на образованието. Ова е штетен закон на коалицијата СДСМ и ДУИ и во обидот да го протуркаат насила креваат тензии и шират лажни вести.
На јавноста и е јасно дека со овој закон платите на просветните работници нема да се зголемат и затоа СДСМ стануваат нервозни. Доколку власта сакаше покачување на платите на просветните работници ќе го прифатеа амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со кој што ќе имаше скалесто покачување на платите и основната вредност на најнискиот коефициент и бод ќе се изедначеше со износот на минималната плата.”- стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
Шести април нов датум за реизбор на…
На шести април СДСМ ќе ги оддржи…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…
СДСМ: Селектитвност не смее да има, да…
Прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски –…