СДСМ ќе гласа за предлог закон на ВМРО-ДПМНЕ: „Не е грев да кажеме дека заедно сме направиле нешто добро“

t

СДСМ во Собранието најави дека ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ за Законот за енергетика. Ова го најави пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Како пратеничка група на СДСМ, се одлучивме да го поддржиме Законот за енергетика, затоа што сметаме дека измените во овој закон се како продолжение на успешните политики на СДСМ. Затоа сметаме дека треба да се поддржи, и уште еднаш благодарност до ВМРО-ДПМНЕ што алудираат дека сме работеле во полза на граѓаните“, рече Битиќи од собраниската говорница.

На ова реагираше пратеникот Бојан Стојановски кој што кажа дека ова не е продолжение на добрите политики на СДСМ, по што одговори Битиќи.

„Колега Стојановски, не е грев да кажеме дека заедно сме направиле нешто добро“, изјави Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…

Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…

Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Американските медиуми: Трамп е многу – многу…

Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…