СДСМ ќе го блокира донесувањето на Изборниот законик во Собрание

t

СДСМ ќе го блокира донесувањето на Изборниот законик во Собранието бидејќи, како што рече на прес-конференција партискиот лидер Венко Филипче, тој не е ниту европски, ниту демократски. Филипче посочи дека има три забелешки во однос на предложениот закон во чија подготовка СДСМ се повлече од работната група, а денеска и официјално е поднесен во Собранието.

Првата забелешка му е тоа што се предлага електронското гласање на дијаспората и гласовите на иселеници кои, како што рече, не знаеме каде се и без можност за проверка, ќе имаат иста вредност како гласањето во државава.

-Тоа отвора ризик за масовно и неконтролирано гласање, исто како што беше во време на владите на Никола Груевски. Тоа е опасен систем кој отвора врата за изборна манипулација и кражба од страна на оваа власт и стартна предност на власта од неколку пратеници уште пред да почне гласањето, рече Филипче.

Според него, се уназадува и почитувањето на тајноста на гласањето зашто се дозволува и поинакво означување на ливчето, а не како досега само ако е заокружено бројчето пред името на кандидатот или партијата на гласачкото ливче. Според него, повторно се воведува контрола на изборниот процес.

Третата забелешка е во однос на предлогот приговорите на избирачкиот процес да се уважат само доколку влезат во записниците. Со тоа, според Филипче, се намалува можноста на Државната изборна комисија да го разгледува целокупниот изборен материјал.

-Овие три забелешки не се ниту европски, ниту демократски. Изговор е дека власта сака да го донесе законот само за да ја реализира што повеќе реформската агенда. Тоа не е точно, тие сакаат да воспостават режим, сакаат да си отворат врата, можности и инструменти да го контролираат и злоупотребат изборниот процес. Овој закон ние ќе го блокираме во Собрание зашто не смее да биде донесен. Затоа што граѓаните заслужуваат да имаат фер изборен процес, а не контролиран како во времето на Никола Груевски, рече Филипче.

Во однос на финансирањето, претседателот на СДСМ посочи дека немаат забелешка помалите партии да добијат повеќе пари и парите што ги делат власта и опозицијата, 45 – 45 проценти да се намали во корист на помалите партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…