СДСМ: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски кој шири навреди, клевети и говор на омраза?

t

Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски? Додека Македонија се уште е во голема тага и болка поради трагедијата којашто се случи во Кочани пропагандните мегафони на ДПМНЕ шират навреди, клевети и говор на омраза на социјалните мрежи, истакна во одговор на новинарско прашање потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

– Дури и младите девојки и момци кои легитимно бараат правда и ресет на системот се навредувани со погрдни зборови и се жртви на таа препознатлива омраза на дпмевските мегафони.

Прашањето е дали ДПМНЕ се согласува со скандалозните навреди на Миленко Неделковски?

Дали ДПМНЕ ќе се дистанцира од Миленко Неделковски и неговиот говор на омраза?

Во Македонија говорот на омраза е кривично дело казниво со закон, дефинирано во повеќе закони, така што во овој момент надлежните институции наместо да спијат треба да делуваат веднаш.

Впрочем, ваквите напади се дел од системот кој што треба да се промени. Затоа младите се на улица и затоа бараат промена којашто е непходна. – истакна Костова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресврт на судењето за Ѓоко Ристов: Стафа…

Нов пресврт на судењето против поранешниот апелациски…

„Да не се повтори Орбан“: ЕУ подготвува…

Европската комисија предлага новите членки на Европската…

Жестоки борби за Црвеното Море: Хутите тврдат…

Хутите тврдат дека и натаму ги контролираат…

Обвинителството бара доживотен затвор за обвинетиот сериски…

Јавното обвинителство побара доживотен затвор за 25-годишниот…

Секое одење на училиште ѝ е ризик…

Секое утро во шест часот, десетгодишната Рафиф…