СДС и ДПМНЕ го блокираат намалувањето на банкарските провизии

t

Пратениците на Левица, уште на средината на јули, до Собранието поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, по скратена постапка.

Овој предлог-закон сѐ уште стои заглавен во Комисијата за финансирање и буџет, каде претседател е пратеникот од ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Предлог-законот предвидува укинување или значително намалување на банкарските трошоци и провизии, со што ќе се стави крај на самоволието на банките. Банките од банкарските трошоци и провизии заработуваат енормно високи профити, а за сметка на нивниот профит се празни џебот на граѓаните. Така, нето-добивката на „Комерцијална банка“ за првите девет месеци годинава изнесува 49,5 милиони евра. Во споредба со истиот период лани, истата е повисока за 65%, односно за 19,5 милиони евра. Слични се резултатите и на другите банки во земјава, и ова е причина за законска регулација на овој општествен проблем.

Во услови кога граѓаните се оптоварени со покачување на даноци, покачување на секојдневните животни трошоци и сѐ поголема сиромаштија, истовремено банките наплаќаат високи тарифи за наметнати давачки, кои го оптоваруваат нивниот домашен буџет. Се плаќа за надоместок за камати, трошоци за одобрување кредити, провизија за одржување трансакциски сметки, се наплаќа дури и за најобична проверка на состојба на сметка на банкомат.

Свесното блокирање на овој закон да се стави на дневен ред, отвора сомнежи дека е уште еден договор меѓу ДПМНЕ и СДС за заштита на банкарскиот капитал. Иако пред само неколку дена, експресно беше изгласан законот за поткуп на медиуми, токму од ДПМНЕ и СДС – овој закон со месеци е заглавен во собраниска процедура!

Апелираме што поскоро да се разгледа овој закон, со цел заштита на граѓаните од нерамноправната состојба во која се наоѓаат во изминатите години и која директно влијае на нивната социоекономска положба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…

Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…