Објавено на:

Северна Кореја: Израел изврши воено злосторство во Газа под покровителство на САД

t

Северна Кореја го обвини Израел дека бомбардирал болница во Појасот Газа на 17 октомври, соопштувајќи дека со тоа отворено извршил воено злосторство „под отворено покровителство на САД“, јавија британските медиуми.

Во изјавата пренесена од корејската државна агенција КЦНА, портпаролот на Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг, исто така, ги обвини САД дека „на Израел му дале зелено светло да ги убива Палестинците без никаква грижа“, со тоа што го снабдуваат со оружје и воена поддршка, вклучувајќи и распоредување на носачи на авиони на Блискиот Исток.

-Ова покажува дека САД се соучесник кој го помагал и го поттикнал геноцидот извршен од Израел, рече портпаролот.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи не се наведени докази за овие тврдења, забележуваат британските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…