Објавено на:

Северна Кореја информира за уште 186.000 случаи на „треска“ во епидемијата на Ковид-19

t

Северна Кореја соопшти дека во изминатите 24 часа биле пријавени над 186.090 случаи на симптоми на треска и дека уште едно лице починало како последица на веќе признаената епидемија на Ковид-19 во земјата, денеска јави државната агенција КЦНА.

Агенцијата, меѓутоа, не соопштува податоци за тоа колку од овие пациенти се позитивни на коронавирус.

Бранот на ширење на коронавирусот, што беше објавен минатата недела, ја зголеми загриженоста за недостатокот на вакцини, недостаток на медицинска инфраструктура и потенцијален недостиг на храна во земјата со околу 25 милиони луѓе, која одби странска помош и ги држи своите граници затворени.

Висок официјален претставник на американската администрација денеска изјави дека токму ограничувањата околу Ковид-19 можеби имаат улога во неуспехот на Северна Кореја да одговори на понудата за дипломатски разговори.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој вчера беше во посета на Јужна Кореја, изјави дека на Пјонгјанг му се понудени вакцини против коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Богоев со генералниот директор на корејската царина:…

„Системот за управување со ризици и податочен…

Уште во техничката влада ДПМНЕ почна да…

ДПМНЕ се заложува за спроведување на „Преспанскиот…

ЌЕ ПАДНЕ СЕВЕРНА?! “Преспанскиот договор” во четврток…

Предметот во кој е оспорен Указот и…

САД ќе воведат санкции кон Русија и…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден нема…