Објавено на:

Северна Кореја истрела 200 проектили во близина на границата со Јужна Кореја, Сеул ги евакуира островите

t

Северна Кореја истрела околу 200 артилериски ракети во морето во близина на поморската граница со Јужна Кореја, соопшти јужнокорејската војска, наведувајќи дека на потегот одговорила со артилериска вежба со боева муниција. Беше наредена итна евакуација на цивили на западните погранични острови на Јужна Кореја, Јеонпјеонг и Баенџонг.


Јужнокорејската војска го окарактеризира потегот на Северна Кореја како чин на провокација, наведувајќи дека нема повредени и не е предизвикана штета.
Портпаролот на јужнокорејската војска Ли Сунг-Џун на прес-конференција предупреди дека Северна Кореја е одговорна за ескалацијата на кризата и повика на итна деескалација на ситуацијата.
Во тесна координација со САД, јужнокорејската војска ги следи севернокорејските активности и ќе преземе соодветни мерки против провокациите на Северна Кореја, изјави јужнокорејски воен претставник.


Претходно, Генералштабот на армијата на Јужна Кореја соопшти дека открил артилериски оган северно од граничната линија на демилитаризираната зона, де факто поморската граница меѓу двете земји, пренесува Јонхап.
Тампон зоната беше формирана како дел од меѓукорејскиот воен договор потпишан на 19 септември 2018 година, за да се намалат тензиите на границите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Богоев со генералниот директор на корејската царина:…

„Системот за управување со ризици и податочен…

Германската муниција за Украина ќе се произведува…

Германија нарачала 120.000 проектили од Бугарија, а…

Уште во техничката влада ДПМНЕ почна да…

ДПМНЕ се заложува за спроведување на „Преспанскиот…

Северна Кореја истрела 200 проектили во близина…

Северна Кореја истрела околу 200 артилериски ракети…