Северна Кореја повторно испали балистички ракети
Северна Кореја испали балистички ракети кон исток, објави „Ројтерс“ , а инцидентот го потврдиле и јапонски извори, додавајчи дека ова е последното во серијата лансирања од страна на Пјонгјанг насочени кон зајакнување на нејзините воени капацитети.
Всушност. Северна Кореја по седми пат лансираше балистички ракетиоваа година, само месецот четири пати.
Професорот на Универзитетот Кјунгнам во Јужна Кореја, Лим Еул-чул, изјавил дека Северна Кореја го користи моменталниот фокус на САД врз Иран, истакнувајќи дека земјата го гледа ова како златно време за надградба на своите нуклеарни енергетски и ракетни капацитети.
Ваквите тестови ги кршат резолуциите на Советот за безбедност на ООН против севернокорејската ракетна програма. Пјонгјанг, од друга страна, ја отфрла забраната на ООН, истакнувајќи дека тоа го крши нејзиното суверено право на самоодбрана.
Јужнокорејската војска соопшти дека балистичката ракета летала кон исток, објави новинската агенција Јонхап, без да даде детали.
Јужнокорејското Министерство за одбрана сè уште не го коментираше инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кореја донираше осум електрични возила за Министерството…
Министерството за здравство, со поддршка од Владата…
(Видео) Брука: Јаневска се извинува што не…
Министерката за образование, Весна Јаневска, продолжува со…
Мицкоски за „Ал Џезира“: Не е точно…
Не се согласувам со вашата констатација дека…
Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва без ,,Северна“
На собраниската седница, пратеникот од Левица, Борислав…
Името „северна“ Македонија го има пет пати…
Во поднесокот на имињата на новите министри…