Објавено на:

Северна Кореја предупредува: Заеднички вежби на САД и Јужна Кореја се “лош избор”

t

Северна Кореја денеска ги нарече „лош избор” заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја во близина на Корејскиот полуостров, објави официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА.

– Овие вежби се многу опасни и лош избор, изјави секретарот на Централниот комитет на Работничката партија, Парк Јонг-Чон.

Вашингтон и Сеул нагласуваат дека вежбите се од целосно одбранбен карактер, но Северна Кореја ги смета за генерална проба „за идна инвазија” на нејзините територии.

Северна Кореја денеска лансираше три нови ракети, вклучително и интерконтинентална балистичка ракета (ICBM). Вчера Пјонгјанг лансираше 23 проектили, од кои еден падна недалеку од територијалните води на Јужна Кореја.

Сеул возврати со лансирање на три проектили во морето, а јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ја осуди „провокацијата” на Пјонгјанг, велејќи дека тоа е „де факто територијална инвазија”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…