Северна Кореја произведува оружје за Русија
Според него оружјето и муницијата и се испорачува на Русија во замена за храна и други артикли.
– Фабриките за оружје во Северна Кореја, кои произведуваат стоки за други земји, работат со 30 проценти капацитет поради недостиг на суровини и електрична енергија, додека фабриките што произведуваат оружје за Русија работат со полн капацитет, наведува Шин.
Испораките на муниција од Северна Кореја во Русија првпат беа регистрирани веднаш по посетата на Ким Џонг-ун на Москва во септември минатата година.
Американското разузнавање е сè позагрижено поради растечкиот сојуз меѓу Северна Кореја и Русија. Вашингтон претходно ја предупредија Северна Кореја дека „ќе ја плати цената“ доколку на Русија и испрати оружје што ќе го користи против Украина. Белата куќа минатиот месец потврди дека Русите лансираат севернокорејски проектили врз украинските градови.
САД и нивните сојузници се загрижени за технологијата што Северна Кореја ја бара за возврат од Русија. Пјонгјанг бара технологија за да ги надгради своите сателити и нуклеарни подморници, што би можело значително да ја поттикне Северна Кореја во областите што сè уште не ги развила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…