Објавено на:

Северна Кореја се подготвува да испрати дополнителни трупи во Русија

t

Претставници на јужнокорејската армија денеска соопштија дека Северна Кореја, и покрај огромните загуби, се подготвува да испрати дополнителни трупи во Русија, кои ќе бидат вклучени во војната против Украина.

Началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја е осомничена за забрзување на подготовките за дополнително распоредување на војници, но не наведе повеќе детали.

Северна Кореја почна да испраќа војници во Русија минатиот октомври, откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и рускиот претседател Владимир Путин постигнаа меѓусебен одбранбен договор, чија цел е зајакнување на сојузот против, како што го нарекоа „западниот хегемонизам“. Северна Кореја се надева дека ќе добие пристап до напредната руска ракетна и сателитска технологија во замена за воена помош, вклучително и испраќање војници, оружје и муниција за Русија.

Северна Кореја досега има испратено 11.000 војници како поддршка за Русија во војната против Украина.

Иако Северна Кореја официјално не ја призна својата улога во војната, Путин во октомври го потврди присуството на севернокорејските сили во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…

За време на вчерашниот протест во Тирана,…

(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…

Голем пожар избувна во индустриската зона на…

Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…

Денес започнува обврската за зимска опрема

Како и секогаш, и оваа година остануваме…

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…