Објавено на:

Северна Кореја: Тестираме ракетни проектили како мерка за самоодбрана од воените закани на САД

t

Властите во Cеверна Кореја соопштија дека ракетните тестови што земјата ги извршила во последно време се за самоодбрана од директни воени закани на САД и тие не ја нарушиле безбедноста на соседните земји и регионот.

Cеверна Кореја изврши шест ракетни лансирања за 12 дена од оваа недела, вклучително и лансирање на ракета со среден дострел, што прелета преку јапонска територија во вторникот.

Нашите ракетни тестови се нормална, планирана мерка за самоодбрана за заштита на безбедноста на нашата земја и регионалниот мир од директни воени закани на САД – јавија севернојорејските медиуми, цитирајќи портпарол на воздухопловната админи страција.

Во соопштението се додава дека ракетните тестови „не претставувале никаква закана и не предизвикале штета за безбедноста на цивилното воздухопловство, како и безбедноста на соседните земји и регионот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги повлекува дипломатите и членовите на…

Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…

Хамнеи бара воена отштета од САД и…

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…