Северна Кореја “ја спука” Украина: Немате право да ги осудувате одлуките на Пјонгјанг!
Северна Кореја жестоко реагираше на одлуката на Украина да ги прекине дипломатските односи.
Украина нема право да ја осудува одлуката на Пјонгјанг да ги признае ДНР и ЛНР откако се приклучи кон неправедните и незаконски дејствија на Соединетите Американски Држави против Северна Кореја, пишува Ројтерс, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја.
„Киев нема право да ги оспорува нашите легитимни акции во рамките на суверенитетот, откако украинските власти во минатото ги поддржаа американските санкции против Северна Кореја поради нејзината нуклеарна ракетна програма. Ќе продолжиме да ги зајакнуваме и развиваме пријателските односи и соработка со сите земји кои го почитуваат нашиот суверенитет и се поволни за нас“, се вели во соопштението.
Вашингтон е обвинет и за водење „непријателска политика“ кон Пјонгјанг и посочува дека севернокорејската нуклеарна ракетна програма е средство за самоодбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…