Севернокорејската морнарица доби нов разурнувач, Ким вели дека е дел од нуклеарното зајакнување
Севернокорејската морнарица вчера стави во служба нов разурнувач, а лидерот Ким Џонг Ун изјави дека бродот ќе биде дел од нуклеарниот систем за одвраќање на земјата, способен да изведува „разорни одмазднички напади“, објави „Ројтерс“.
Северна Кореја ги забрзува напорите за модернизација на морнарицата. Ким во исто време продолжува да ги зајакнува силите на земјата кои можат да носат нуклеарно оружје.
На церемонијата на која официјално беше ставен во служба новиот разурнувач во градот Вонсан, Ким изјави дека распоредувањето на бродот во морето источно од Корејскиот Полуостров испраќа јасна порака до противниците на Северна Кореја.
„Дојде време да го браниме нашиот суверенитет на море и под вода“, рече Ким.
На церемонијата била присутна и ќерката на Ким, позната како Џу Ае. Јужнокорејската Национална разузнавачка служба смета дека Северна Кореја продолжува да ја подготвува Џу Ае за наследничка на Ким.
Разурнувачот „Канг Кон“ тежи 5.000 тони. Тој е вториот воен брод од оваа класа што е ставен во служба. Првиот беше разурнувачот „Чое Хјон“, кој беше ставен во служба пред околу три месеци на западниот брег на Северна Кореја.
Ким рече дека нуклеарното вооружување на севернокорејската морнарица напредува. Тој додаде дека земјата ќе продолжи да ги зајакнува своите стратешки оружја во клучните морски области, со цел да го заштити својот поморски суверенитет и регионалната безбедност.
Објавувањето на церемонијата се случи во ист ден кога Јужна Кореја, САД и Јапонија ја започнаа петдневната воена вежба „Фридом Еџ“. Вежбата се одржува во меѓународни води источно и јужно од Јужна Кореја.
Северна Кореја ги осудува ваквите воени вежби и ги опишува како подготовки за војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Севернокорејската морнарица доби нов разурнувач, Ким вели…
Севернокорејската морнарица вчера стави во служба нов…
Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе…
Дваесет и петгодишен маж е убиен во…
До 2029 година на Германија ќе ѝ…
Германија до 2029 година би можела да…
Седум аеродроми затворени по ерупциите на вулканот…
Седум аеродроми во Индонезија, вклучувајќи два што…
Иран ги отфрли изјавите на Доналд Трамп…
Иран најавува дополнително заострување на мерките во…