ЗНАМ ќе настапи со сопствени листи за советници на локалните избори
Во рамки на теренската кампања „Заедно повеќе знаеме“, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, оствари средби со граѓаните, членовите и симпатизерите во Македонски Брод и Кичево.
Средбите во овие две општини беа искористени за дијалог со младите, земјоделците и претставниците на локалниот бизнис, при што било разговарано за иселувањето на младите, нефункционалната администрација, недостатокот на инфраструктурни инвестиции и за потребата од децентрализација
Минчев, меѓу другото, како што соопштуваат од ЗНАМ, најавил дека Движењето на претстојните локални избори ќе настапи со сопствени советнички листи во сите општини каде што граѓаните препознаваат потреба од нова политичка енергија и кадар без партиски багаж.
Заедно со Вас, ќе понудиме луѓе со кредибилитет, интегритет и желба да работат. Ќе им дадеме шанса на нови лица од локалната заедница – млади, жени, активисти, кои знаат и сакаат да ја променат средината во која живеат – вели Минчев.
Во рамки на посетата на Македонски Брод, Минчев присуствуваше и на отворање на канцеларијата на Општинската организација на Движењето ЗНАМ, која ќе биде отворен простор за комуникација со граѓаните, предлози и иницијативи од локалната заедница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа…
Изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координатрока…
Не пишувај пред избори ќе ти ја…
Кандидат за пратеник на ЗНАМ му се…
ЗНАМ ќе настапи со сопствени листи за…
Во рамки на теренската кампања „Заедно повеќе…
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не…
Со лажни слики и јалови лаги сателитите…
„Максим ве искористи“, им порача првиот човек…
Претседателот на ОО СДСМ-Куманово, Дарко Ристовски, им…