„Максим ве искористи“, им порача првиот човек на СДСМ во Куманово на членовите на ЗНАМ
Претседателот на ОО СДСМ-Куманово, Дарко Ристовски, им се обрати на членовите на ЗНАМ со порака дека нивниот лидер и кумановски градоначалник, Максим Димитриевски, „ги искористил“. Ристовски ги повика сите кои го напуштиле СДСМ за да одат во ЗНАМ, да се вратат во матичната партија.
„Верувавте дека носите промени. Дека ќе бидете гласот на разочараните, исправените, чесните. Но денес е јасно – Максим Димитриевски ве искористи. Ве поведе со големи зборови, а зад себе остави само лични интереси и бизнис зделки. Ви велеше „патриотот“ дека со ДУИ никогаш -а денес тргува со ДУИ. Ветуваше борба за народот, а денес се бори само за свој џеб. Глумеше храброст, а денес ја продава честа за фотелја и привилегии. Максо не се бореше за Куманово. Се бореше за себе. И таа вистина веќе никој не може да ја сокрие. Но вие, другари, вие не сте дел од таа лага. Вие сте вистинските социјалдемократи. Луѓе со идеал, со став, со срце за заедницата. Вратите на Нашето СДСМ за вистинските Социјалдемократи се отворени – денес повеќе од кога било. Сега е време за обединување“, порача Ристовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Експлодирала плинска боца во стан во Куманово
Плинска боца експлодирала во стан во Куманово,…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…