Сега постои момент за проширување на ЕУ поради војната во Украина

t

Премиерот Димитар Ковачевски во вчерашното интервју за ТВ 21 во врска со процесот што се води во Собранието за уставните измени, посочи дека не постои никаква забелешка од академската заедница, од граѓаните и граѓанските организации во однос на содржината на уставните измени.

„Тие не задираат во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ. Напротив, со вклучувањето и на други делови од народи, се прави јасна дистинкција меѓу македонскиот народ со сите негови обележја, јазик, култура, идентитет и другите народи вклучително и бугарскиот јазик. За прв пат ние ќе имаме во еден документ, официјален каде што ќе стои македонски народ и бугарски народ. Тоа е спротивно на поранешните тези кои беа пласирани од страна на голем број на политичари од соседството“, рече Ковачевски.

Претседателот на Владата истакна и дека постои момент на проширување на ЕУ поради геополитичката ситуација по војната во Украина, со јасни пораки во однос на проширувањето во ЕУ какви што немало во минатото.

„Преговарачката рамка е усвоена од 27 земји членки, одобрена и доставена до Република Македонија. Ние ја прифаќавме со гласање во Собранието со соодветни заклучоци, до кои заклучоци се придржува оваа Влада и сите други влади во иднина ќе се придржуваат. Затоа, имаме простор за процесот, да може секој пратеник во Собранието да одлучува согласно волјата и визијата на граѓаните што ја застапиле. 80, и над 80% од граѓаните на државата сакаат да живеат во ЕУ, сакаат државата да биде дел од ЕУ“, порача премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во…

На вечерашниот митинг во Кочани, претседателот на…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…